Рускиот амбасадор во Париз Алексеј Месков изјави дека три руски брода и една јахта веќе се под контрола на локалните власти во Франција. Според него, руските бродови биле задржани практично без никакво објаснување, пренесува БГНЕС.

– Никој не може да предвиди кога судството ќе донесе некакви одлуки, додаде амбасадорот.

Вчера медиумите објавија дека Франција запленила имот на повеќе од 500 поединци и организации во рамки на санкциите против Русија.