Русија спроведува „антитерористичка операција“ во јужниот регион Дагестан и до утрово се приведени три лица, јавија руските новински агенции, повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет.

Русија е во состојба на висока готовност по масовното пукање во концертната сала кај Москва на 22 март, најсмртоносниот напад во земјата во последните 20 години во кој беа убиени најмалку 144 луѓе.

– Безбедносните агенции уапсија тројца бандити кои планирале серија терористички злосторства. При увидот на местото каде што се фатени криминалците, пронајдено е автоматско оружје, муниција и импровизирана експлозивна направа подготвена за употреба, соопшти Комитетот.

Претходно објави дека безбедносните служби блокирале осомничени криминалци во неколку станови во станбените квартови на регионалниот главен глад Махачкала и во еден од најголемите градови во каспискиот регион.

„Немаше цивилни жртви или загуби меѓу припадниците на силите на редот. Операцијата продолжува“, соопшти Комитетот.