Руската амбасада во САД излезе со реакција по најавата на САД дека на 22 август годинава ќе бидат објавени нови санкции кон Русија, поради случајот „Скрипал“.

Како што објавува Амбасадата на Русија во САД, новите американски санкции насочени кон Русија, како и нивната причина поради која се воведуваат се измислени.

Понатаму, од руската амбасада наведуваат дека наводите на Вашингтон ниту се поткрепени со факти, ниту со докази.

Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери и повеќе недели беа во критична здравствена состојба. По излегувањето од болница тие се префрлени на тајна локација од безбедносни причини.

Велика Британија ја обвини Русија за нападот врз Скрипал и неговата ќерка. Москва негираше каква било вмешаност во инцидентот, што доведе до влошување на односите меѓу Русија и Западот.