Властите во Кишињев го повикале на разговор рускиот амбасадор поради ракетите што поминале низ молдавскиот воздушен простор.

Молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску напиша на Твитер дека го повикал рускиот амбасадор да објасни зошто проектилите лансирани од Црното Море кон Украина поминале низ воздушниот простор на Молдавија.