Петмина свештеници пееја песна на руски јазик, настапувајќи во првата фаза на француската верзија на шоуто „Глас“ (Voice), во кое жирито ги слуша изведувачите, но не ги гледа.

Тие не поминаа во следната фаза од натпреварот, иако предизвикаа воодушевување кај членовите на жирито.

Сепак, никој од жирито не го поддржа нивниот премин во понатамошната фаза на натпреварот. По изведбата, членовите на жирито ги пофалија свештениците. Поп-ѕвездата Лара Фабијан им предложи тие да пеат со неа на концерт во Москва.

 Денис, Пјер, Артур, Кирил и Владимир пристигнале во францускиот град Епин на Сена од различни делови на Русија.