Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите.

Главниот штаб на украинската армија на Фејсбук објави дека руските воени сили ја гранатираат источна Украина, но ситуацијата е под контрола. Штабот додаде дека нема испратени руски војници во пристанишниот град Одеса.

-Не спроведуваме агресија против украинскиот народ, туку против хунтата која ја презеде власта во Киев“, рече рускот амбасадор во ОН Василиј Небензја пред крајот на итната седница на Советот за безбедност на ОН, што ја иницираше Украина.

Украина претходно соопшти дека најмалку осум лица загинале, а девет се ранети во руското гранатирање. Кабинетот на Зеленски подоцна извести дека бројот на жртвите се искачил на 40 загинати војници и 10 настрадани цивили.

Лидерот на проруските сепаратисти во источна Украина во четвртокот изјави дека нивната главна цел е да ја вратат контролата во регионите Луганск и Доњецк каде се наоѓаат отцепените територии.

Сепаратистите во Украина соопштија дека ги зазеле малите градови Луганск и Шчастија, додека властите во Киев потврдуваат дека проруските сили напреднале на територијата контролирана од владините сили.