Уште двајца македонски државјани загинале во Украина, со што бројот на загинати платеници од Македонија, се искачи на 26, стои во статистиката објавена од руското министерство за одбрана.
Според табелата објавена од официјална Москва, од 24 февруари до сега, во Украина за борба пристигнале 79 државјани на Македонија, од кои дваесетина се вратиле, а во моментот на боиштата во Украина има 32 платеници од земјава. Според руските податоци, елиминирани биле една третина од македонските платеници. Официјалните претставници на Украина пак, досега немаат објавено вакви податоци.
Од Министерството за надворешни работи на Македонија за ТВ Канал 5 велат дека не располагаат со релевантни информации поврзани со евентуалното учество на македонски државјанини во војната во Украина, ниту, пак, за загинати.
Според македонските закони, за војување во странска војска казната е неколку години затвор.