Протерувањето на двајцата руски дипломати од Грција е неосновано и може сериозно да им наштети на билатералните односи, се вели во соопштението на Министерствотото за надворешни работи на Руската Федерација, кое Спутник го објави пред малку.
„ Вашингтон е зад антируската одлука на владата на Грција…и таа е темперина токму за Самитот на НАТО“, се вели во соопштението..
Руското МНР истакнува дека грчката страна не располага со оправдување за протерувањата на руските дипломати од Грција, притоа истакнувајќи дека Москва инцидентот го смета апсолутно без основа.
„Акцијата ја сметаме за апсолутно нелогична, не соодветствува на фактите од грчката страна, која дејствува спротивно на природата на нашите билатерални односи и може да предизвика сериозна штета“, се вели во соопштението на Министерството.
Руското МНР вели дека го повикала на разговори грчкиот амабсадор за да протестира на протерувањето на дипломатите.
Пред неколку дена весникот Катимерини објави дека Грција решила да протера двајца руски дипломати а да им абрани влез на уште двајца заради нелегални активности против националната безбедност на земјата. Спутник во денешната вест не дава повеќе детаљи, ниту псомнува за наводната руската вмешаност во договорот за името, што, пак, беше потенцирано од грчката страна.
Инаку, грчката ТВ Ант1 објави дека грчкиот амабсадор во Москва, Андреас Фриганас, денес бил на разговори во руското МНР на кое се разговарало на прашањето и му биле кажани следните чекори кои ќе ги преземе Москва.
Претходно, американскиот Стејт департмент ја поддржа Грција за протерувањата, кои дојдоа многу подоцна отколку што повеќе европски земји, меѓу кои и Македонија, протеруваа руски дипломати заради наводотно труење со нервниот агенс новичок на таткото и ќерката Скрипал во Англија..
„Ја поддржуваме Грција во одбраната на нејзиниот сувренитет“, објави на Твитер портпаролот на СД, Хедер Нутер.