Новоизбраниот демократски претседател на САД Џо Бајден размислува за назначување на Том Донилон, дипломатски ветеран и советник за национална безбедност на поранешниот претседател Барак Обама, за директор на ЦИА.

Позицијата на ЦИА може да биде едно од најпредизвикувачките прашања во администрацијата на Бајден по четирите години на републиканскиот претседател Доналд Трамп кој ја обвинуваше Агенцијата дека е дел од заговор на „длабоката држава“ за поткопување на неговата власт.

Бајден, кој ќе ја преземе должноста на 20 јануари, исто така рече дека размислува за назначување на Мајкл Морел, кој беше заменик-директор и привремен директор на ЦИА во времето на Обама.

Бајден, кој беше составен дел на тимот за национална безбедност на Обама за време на неговите осум години како потпретседател, би соработувал тесно и со двајцата.