Бројот на заболени од хепатит А кај возрасните лица во САД во последните две години е зголемен за дури 300 проценти, покажува најновото истражување на американскиот Центар за контрола и превенција на болеста.

Истражувачите го анализираа бројот на пријавени случаи во периодот од 2013  до 2018 година, преку Државниот систем за контрола на болести.

– Инфекциите со хепатит А се зголемени за 294 проценти помеѓу 2016 и 2018 година, се наведува во  најновата студијата.

Високо заразниот вирус се пренесува преку конзумирање контаминирана храна, преку блиски личности и сексуални контакти или преку употреба на дрога.

Во минатото хепатит А се јавуваше на секои 10 до 15 години кај деца кои не покажуваа симптоми на болеста, а сега децата редовно се вакцинираат до една година.

– Зголемениот број вакцинирани лица меѓу загрозените групи со инфекцијата хепатит А може да спречи натамошно ширење на болеста, наведуваат авторите.

Една доза вакцина против хепатит А овозможува заштита во 95 отсто од случаите до 11 години.