Дејвид Рубин е избран за нов претседател на американската Академија за филмска уметност и наука, која го организира доделувањето на „Оскарите“.

Тој е прв директор за кастинг кој ја добил таа одговорност, што досега ја имаше Џон Бејли – директор на фотографија, кој беше претседател на Академијата од август 2017 година.

Во биографијата на Рубин има над 100 наслови, меѓу кои и оскаровскиот „Англиски пациент”, „Луѓе во црно”, „Четири венчавки и погреб”, како и хит-серијата на ХБО – „Невини лаги”. Тој ќе има за задача унапредување на разноликоста на членовите во оваа институција, но и зголемување на гледаноста на „Оскарите“, која последниве две години падна под 30 милиони гледачи.

Филмската академија од 2016. се залага за удвојување на бројот на жените и малцинствата во членството.