Бразилскиот мафијаш и наркодилер Клаувињо да Силва кој се обиде да побегне од затвор во Рио де Жанеиро, маскиран како својата ќерка, е пронајден мртов во затворската ќелија.

Властите соопштија дека Да Силва веројатно се самоубил, со бесење. Истрагата е во тек.

Осудениот криминалец викендов, при посетата од неговата 19-годишна ќерка, се обиде да излезе од затворот со нејзината облека, перика и силиконска маска на лицето. Така тој успеал да стигне до излезната врата на затворот, но со своето нервозно однесување привлекол внимание и бил откриен.

Да Силва беше водач на една од најмоќните криминални банди во Бразил.