Специјалниот советник на американскиот државен секретар Дерек Шоле, во телефонски разговор со српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, изјави дека неприфатливи се чекори на владејачката коалиција во Република Српска кои се насочени кон поткопување на институциите на БиХ.

Шоле на Твитер објави дека „за корупција и за антидејтонско акции следат последици“.

– Мора да има враќање на дијалогот во институциите на БиХ, нагласи Шоле.

За време на неговата неодамнешна посета на БиХ, Шоле оцени дека повлекувањето на РС од институциите на државно ниво ќе доведе до економски ќорсокак, ќе го ослабне и загрози владеењето на правото.