Американскиот Конгрес смета дека земјата е ставена пред големи ризици поради растечкиот државен долг во услови на висок дефицит на буџетот кој годинава може да достигне 100.000 милијарди долари, јави МИА од Вашингтон.

– Земјата може да се судри со суштествени ризици поради растечкиот државен долг, се вели во извештај на конгресната Служба за буџет, објавен синоќа.

Како што се истакнува во извештајот, државниот долг на САД до 2049 година може да достигне 140 отсто од бруто домашниот производ на земјата. Се предвидува дека само во следните десет години земјата ќе го зголеми државниот долг од 78 до 92 отсто од БДП.

-Такво ниво на државен долг е без преседан и ќе биде едно од највисоките во историјата на земјата, со можност да порасне уште повеќе, наведуваат изготвувачите на извештајот.

Коментатори за „Си-Ен-Ен“ укажуваат дека годишното негативно салдо на буџетот наскоро ќе ја достигне цифрата 100.000 милијарди долари.

Од Конгресот велат дека ситуацијата претставува суштествен ризик за земјата, а политичарите ќе бидат исправени пред сериозни тешкотии.

Конгресот во моментов подготвува нов договор за буџет за фискалната 2020 година. Актуелниот буџет истекува на 1 октомври.