По двата големи земјотреса што ја погодија Венецуела, САД и јужноамериканските држави најавија дека ќе испратат помош. Според првичните информации, најмалку 32 луѓе загинале, а 700 се повредени. Но, со оглед на интензитетот на земјотресите и големото разурнување, се претпоставува дека бројот на жртвите би бил многу поголем.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека е во контакт со властите во Венецуела и оти ќе испрати помош. Додека претседателот Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека САД „се подготвени, сакаат и се способни“ да му помогнат на Каракас.
– Во соработка со нашите партнери во привремената влада на Венецуела, САД ќе испратат екипи за пребарување и спасување, хуманитарна помош и други ресурси во текот на првите клучни денови по оваа трагична природна катастрофа, изјави заменик државниот секретар Кристофер Ландау.
Претседателот на Салвадор, Набиб Букеле на платформата Икс објави дека 300 спасувачи и медицински лица се подготвени да се упатат кон Каракас со 50 тони хуманитарна помош.
Додека претседателот на Доминиканска Република, Луис Абинадер посочи дека специјализирани воени единици за пребарување и спасување ќе заминат за Венецуела.
Соседот на Венецуела, Бразил, и други јужноамерикански земји, исто така, понудија помош.




