Федералната управа за спроведување санкции во затворите во Тексас соопшти дека повеќе од 500 жени кои се лекуваат во затворската болница Карсвел во Форт Ворт во близина на Далас, биле тестирани позитивно за новиот коронавирус.

Само во затворот Сиговил, што исто така се наоѓа во близина на Далас, регистрирани се повеќе заразени осуденици – 1.156.

– Се чувствуваме како куп кучиња да ја бркаат сопствената опашка во затворен кафез, нагласи една затвореничка за ситуацијата во Карсвел.

Пред само три недели, затворската болница Карсвел евидентирала  само три заразени осуденички и еден смртен случај од Ковид-19.