САД очекуваат да ја продолжат соработката со Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на барањето да ја искоментира оставката на премиерот Зоран Заев по завчерашните локални избори.
– Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев, се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот.
Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат С. Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на С. Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција“.