Стејт департментот одобри воен договор со Саудиска Арабија вреден 3,5 милијарди долари за продажба на ракети воздух-воздух со среден дострел.
САД се подготвени да и понудат на Саудиска Арабија пакет оружје во вредност од над 100 милијарди долари за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на таа држава овој месец.
Саудиска Арабија побара 1.000 ракети воздух-воздух со среден дострел, познати како AMRAAM (Напредни ракети воздух-воздух со среден дострел), 50 секции за наведување и друга опрема, вклучувајќи резервни делови, како и услуги за логистичка поддршка.
И покрај одобрението од Стејт департментот, ова не значи дека договорот е потпишан или дека преговорите се завршени, јавија американските медиуми.
Стејт департментот, исто така, одобри евентуална продажба на тактички ракети на Норвешка во вредност од 370,9 милиони долари.