Пет водителки во САД поднесоа тужба против локалната телевизиска мрежа „Њујорк 1“ тврдејќи дека се маргинализирани во корист на младите новинарки и машки колеги, тврдејќи дека повозрасните жени се изложени на долготрајна дискриминација.

Во тужбата на 61 страница поднесена до сојузниот суд во Менхетн, пет водителки на возраст од 40 го 61 година, со работен стаж од 11 до 27 години во телевизијата, оценуваат дека биле изложени на „очигледна маргинализација од страна на кабловскиот оператор „Чартер Комуникејшн“, кој во 2016 година ја купи телевизиската мрежа.

Водителките тврдат дека по доаѓањето на новиот сопственик „нивната присутност на телевизија е значително намалена“ како и дека нивните емисии со голема гледаност ги добиле млади жени и мажи кои имаат многу помалку искуство.

Новинарките прво се пожалиле до управата, каде поголемиот број се мажи, додека вработените во кадровската служба, како што тврдат,  кон нив се „однесувале со презир и отворено ги игнорирале“, а потоа биле изложени на поголема дискриминација.

Петте жени бараат и отштета со камата, но не се наведува сумата.

„Њујорк 1“ почна со работи во 1992 година. Највозрасната водителка Рома Торе има 61 година и работи од првиот ден и е едно од најпознатите лица на телевизиската мрежа.