За жителите на северната хемисфера на Земјата, летото оваа година почнува утре, во 17 часот и 54 минути.

Во исто време, на овој 172-ти ден од годината, за жителите на јужната хемисфера почнува зимата.

Првиот ден од почетокот на летото е најдолг, а ноќта е најкратка. За жителите на северната хемисфера, летото започнува во време кога правецот на северниот дел на оската на Земјата е најблиску до Сонцето. На тој ден висината на Сонцето над хоризонтот, напладне е на највисоко ниво во текот на годината.

Во исто време, зимата почнува за жителите на јужната хемисфера.