Американските санитарни власти денеска ги повикаа лицата кои имаат поголема веројатност потешко да заболат од Ковид-19, односно старите лица и оние со хронични заболувања, да складираат храна и лекови и да се подготват да останат во своите домови

– Осигурете се дека имате расположливи разерви на, на пример, лекови за притисок и дијабетес и лекарства за треска и други симптоми, изјави Нанси Месоњер, претставничка на Американскиот центар за контрола на здравјето и заштита од болести (ЦДЦ).

– Имајте во своите домови доволно производи и храна за да бидете подготвени доколку треба да останете во своите домови одредено време, потенцираше Месоњер.

Препораките се засновани на студија направена на 70.000 кинески пациенти, каде помеѓу 15 и 20 проценти од заразените биле со потешки симптоми, особено постарите лица.

– Од 60-годишна возраст, ризиците од заболување се поголеми и тие ризици се зголемуваат со возраста, рече Месоњер. Според неа, луѓето над 80 се изложени на најголем ризик да се разболат и да почина од болеста.

Хроничните заболувања како што се дијабетес, срцеви заболувања и белодробни заболувања го зголемуваат ризикот. Лицата од овие ризични категории треба да избегнуваат контакт со заболени лица, редовно да ги мијат рацете, да избегнуваат допирање на површини на јавни места и да избегнуваат гужви во слабо проветрени места.