Ирак и САД во јули се договорија до крајот на годината од Ирак да се повлечат сите американски борбени трупи.

Агенцијата Анадолија пренесува дека според овој договорот, странските сили ќе го напуштат Ирак во рок од 15 дена.

Генерал-мајор Тахсин ал-Кафаџи, портпарол на заедничката оперативна команда, за ирачката државна агенција кажа дека заминувањето на странските сили се одвива според планот.

Тој, меѓутоа, додаде дека во воената база Аин ал Ашад ќе остане ограничено странско присуство.

-Поголемиот дел од борбените сили го напуштија Ирак, оставајќи ги само советниците и оние кои работат во областа на разузнавањето, извидувањето и обуката, додаде Ал-Кафаџи.

На покана на ирачката Влада, САД од 2014 година ја предводеше меѓународната коалиција во борбата против Исламска држава.

Американските воени бази во Ирак во последниве месеци беа цел на серија ракетни напади, а Вашингтон за нив најчесто ги обвинуваше вооружените фракции лојални на Иран.

Согласно одлуката на ирачкиот Парламент од јануари 2020 година ирачките политичари побараа повлекување на американските војници од оваа земја.