САД се многу загрижени поради делта мутацијата и новите варијанти на коронавирусот што може да се појават и да го загрозат закрепнувањето на светската економија, изјави денеска во Венеција американската министерка за финансии Џенет Јелен.

– Во денешната глобална економија, се е поврзано. Она што се случува во дел од светот влијае на сите други земји, рече таа на прес-конференција на маргините на состанокот на министрите за финансии на Г20.

Мутациите се закана за целиот свет, предупреди Јелен и ги повика сите „да работат заедно за да го забрзаат процесот на вакцинирање со цел следната година да се вакцинираат 70 проценти од светската популација“.

Во однос на вакцините, треба да сториме повеќе и да бидеме поефикасни, додаде таа.