Поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешниот шеф Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков се на листата на санкционирани лица која денеска ја објави американското Министерство за финансии. Со тоа на Груевски и Мијалков и на членовите на нивните семејства им е забранет влез во САД.

Американското Министерство за финансии денеска го објави списокот со санкции поради дела на корупција, а во кој се вклучени седум лица од Западен Балкан. Тројца од нив се и на списокот на американскиот Стејт департмент со кој им е забранет влез во САД.

Списокот на Министерството за финансии ги вклучува: Од Босна и Херцеговина поранешниот потпретседател на Партијата за демократска акција (СДА) и делегат во Домот на народите на Босна и Херцеговина Асим Сарајлиќ, како и поранешната главна обвинителка на Обвинителството на БиХ Гордана Тадиќ.

Од Црна Гора на листата е Светозар Маровиќ – поранешен висок функционер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и последен претседател на Државниот сојуз на Србија и Црна Гора.

Од Албанија на списокот се две лица: Аќиф Ракипи и Или Ндроќи