САД им честитаат на граѓаните на ЕУ за успешно завршените избори за членови на Европскиот парламент, соопшти американскиот Стејт департмент.

– Овие избори беа историски со тоа што милиони Европејци гласаа во еден од најголемите празници на демократијата, изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Таа додаде дека САД и ЕУ споделуваат силно и трајно партнерство засновано на демократски вредности, длабоки економски врски и заложба за Трансатлантско заедништво.

– Знаеме дека ова партнерство продолжува и откако новите членови на ЕП ќе ги заземат своите места на 2 јули и се радуваме на соработката со нив и со лидерите во ЕП, нагласува Стејт департментот.