Републиканскиот национален комитет соопшти дека вкупно осум кандидати за претседателска номинација на Републиканската партија се квалификувале за првата предизборна дебата во Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин.
Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи, сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот, конзервативниот претприемач Вивек Рамасвами, гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум и поранешниот гувернер на Арканзас, Хуч Аса.
Нема да им се придружи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој наместо тоа ќе биде интервјуиран од еден од најпопуларните американски водители, Такер Карлсон.
За да се квалификуваат за дебатата, кандидатите требаше да ги исполнат барањата на Републиканскиот национален комитет и да потпишат изјава со која ветуваат дека ќе го поддржат републиканскиот кандидат за претседател.
Дебатата ќе ја водат новинари од конзервативната „Фокс њуз“, а ќе започне денеска во 21 часот по локално време.