Во пукотница во супермаркет во округот Булдер, во сојузната држава Колорада, синоќа загинаа десет лица, меѓу кои и еден полицаец.   

Од полицијата јавија дека напаѓачот бил уапсен. Оттаму укажаа и дека осомничениот е ранет. Неколку видеа покажуваат како полицајци придружуваат маж со лисици на рацете без горна облека, а десната нога раскрварена. 

Пукотницата се случила во полн супермаркет лоциран недалеку од Универзитетот Колумбија, каде обично родителите и студентите купуваат намирници, јави Њујорк тајмс.  

Убиениот полицаец е 51- годишниот Ерик Tали, кој работел во службата од 2010 година и бил меѓу првите службеници кои одговориле на повикот. 

Од лица присутни во објектот, кои го преживеале нападот, весникот дознава дека едно безживотно тело се наоѓало на улицата пред продавницата.

Истражителите работат на местото на настанот и ги утврдуваат мотивите на напаѓачот.