Сонцето не може да се пробие низ атмосферата. Воздухот е се потежок, а хроничните болни бараат помош од докторите. Деновиве земјава е под влијание на топол бран од Африка полн со сахарска прашина. Но, ова нема да трае долго од утре се очекува подобрување, најавија синоптичарите

Изминатиов викенд имавме исклучително топло време. Се уште се наоѓаме под влијание на топла воздушна маса како за овој период од годината, но преносот на пустинска прашина од Сахара во високиот дел на атмосферата ни донесе зголемена облачност. Всушност поради тоа и ја немаме онаа прогноза што ја имавме за текот на денешниот ден, претежно сончево и стабилно време. Е се уште топло со релативни високи температури, но ќе се задржи зголемената облачност, вели Елена Манојлевски презентер.

Ваквото време предизвикано од сахарската прашина прилично е тешко не само за метеопатите туку за сите граѓани велат лекарите и додаваат дека бројот на интервенциите на Брзата помош е зголемен. Упатија апел до сите граѓани да внимаваат на исхраната, да внесуваат повеќе овошје, зеленчук, течности и физичка активност.

Овие промени влијаат врз респираторниот систем, кардиоваскуларниот систем, зглобови, мускули, коски, тегобите што ги чувствуваат овие луѓе почнуваат од главоболка, малаксаност, замор, несоница, отежнато дишење, промени во крвниот притисок. Треба да се внимава особено на терапијата што ја примаат за крвниот притисок, бидејќи ова време има варијации на крвниот притисок, вели Рихад Реџепи од Брза помош.

Освен во Скопје, Сахарска прашина беше видлива и во Охрид, Маврово, Крива Паланка и други делови низ дражавата.