Астрономи од Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада, тврдат дека идентификувале осум радиосигнали во повторлив интервал, објави „Сајенс алерт“.
Изворот на сигналите, познати и како „брзи радиоимпулси“, не е познат, но научниците претпоставуваат дека станува збор за сосем природна појава.
Два извора „ги испратиле“ сигналите ФРБ-180916 и ФРБ-181119, првиот 10 пати и вториот трипати. Притоа, најдолгата пауза меѓу забележаните радиобранови била 20 часа. Според стручните лица, ова може да укажува на повторување.
Освен тоа, ФРБ-180916 има пониски показатели на распространување на сигналот, што значи дека неговиот извор е релативно поблиску до Земјата. Брзите радиоимпулси траат неколку милисекунди и се поврзуваат со ослободување огромно количество енергија во Вселената, како што е изумирање на една ѕвезда.
Изворот на ФРБ-121102, на пример, за којшто се сметаше дека е неутронска ѕвезда во згаснување, испраќаше сигнали во 2012. и меѓу 2015. и 2017 година.