Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах ова лето може да ја смени англиската Премиер лигата со шпанската Ла Лига.

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот објави „The ​​Sun“. Според британскиот весник, изданието, по трансферот на напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез во Ливерпул, премиерлигашот одлучил дека е подготвен да го продаде Салах и би прифатил понуда од потенцијалните купувачи доколку таа е во регионот од 70 милиони евра.

Салах постигна 31 гол и креира 15 асистенции во 51 настап за Ливерпул во сите натпреварувања минатата сезона.

Договорот на напаѓачот со англискиот клуб е до 30 јуни 2023 година. На 22 јуни, Ливерпул остана без уште еден напаѓач, Садио Мане, кој кариерата ќе ја продолжи во Баерн.