Италијанскиот министер завнатрешни работи, Матео Салвини, реагираше денес на критиките на францускиот претседател, Емануел Макрон упатени заради бродот со мигранти Аквариус кој Италија не сакаше да го прими во свое пристаниште.

Салвини побара Макрон да се извини затоато што, како што рече, ја обвинил Италија за цинично и неодговорно однесување. Тој рече дека Франција се обврзала да прими 9.816 мигранти според дистрибутивната шема на ЕУ, но таа никогаш не заживеа.

Салвини рече дека за три години Франција примила само 640 луѓе.

-Затоа барам од претседателот Макрон од зборови да прејде на дела и утре изутрина да прими 9.816 мигранти, кои Франција вети дека ќе ги прими како како знак на конкретна великодушност, а не само зборови-порача Салвини.