Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини најави дека ќе бидат депортирани 57 Тунижанци, кои беа уапсени во Медитеранот.

Тој изјавата ја даде само неколку часа откако мигрантите беа доведени до италијанскиот брег.

– Им помогнавме. Излекувани се и ќе бидат вратени во татковината. Зборовите ги следат делата, напиша Салвини на Твитер.

Неколкумина возрасни мажи со хеликоптер ќе бидат вратени во Тунис в понеделник, додека другите ќе бидат депортирани во текот на следната недела. Никој од мигрантите не побарал азил.

Мигрантите се спасени во близина на островот Пантелерија помеѓу Тунис и Италија, по што се доведени на Сицилија.