Вицепремиерот на Италија и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска ги обвини европските комесари за уништувања во Европската унија и се надева дека изборите за новиот европски парламент, што се одржуваат следната година, ќе донесат нова политичка слика на ЕУ.
– Луѓе како што се (Жан-Клод) Јункер и (Пјер) Московиси ја уништија Европа и нашата држава, изјави Салвини на прес-конференција во Рим.
Тој се надева дека изборите ќе придонесат за промени одвнатре.
– Ќе се обидеме да ја промениме оваа Европа одвнатре и се надеваме дека изборите во мај идната година ќе ни помогнат во тоа. Ако тоа не се случи, работите ќе бидат многу тешки, додаде Салвини.