Пред почетокот на самитот на шефовите на влади од Европската унија што ќе биде посветен на преговорите за напуштање на Велика Британија, премиерката Тереза Меј изјави дека може да се постигне договор ако се работи интензивно.
– Решивме голем дел од прашањата околу договорот за напуштање. Останува прашањето за решение за Северна Ирска. Ако работиме интензивно и одблизу, може да постигнеме договор. Договорот ќе биде во интерес на Обединетото Кралство и на ЕУ, изјави Меј.
Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе направи се што може ЕУ да склучи договор со Велика Британија, но решение се уште нема.
– Би биле среќни ако договорот беше подготвен. Сега е договорено 90 отсто од содржината. Сакаме да се посветиме на останатите прашања и да направиме се да има договор. Тоа би било најдобро решение за двете страни, изјави Меркел.