САД ќе почнат повлекување од Светската поштенска унија, договор со кој се намалуваат цените за доставување странски поштенски пакети во САД. Белата куќа напоменува дека договорот им овозможува на странски поштенски служби да профитираат на евтин превоз на стоки во САД, особено Кина со што се создава неправедна предност во однос на американски компании и тоа им штети на приходите на Американската поштенска служба.

– Неправедниот систем им штети на луѓето во оваа држава, изјави официјален претставник на прес конференција. Тоа е најнов потег во низата со кои администрацијата на Трамп се оддалечува од меѓународните мултилатерални организации и нивни политики кои се оценети како штетни за САД.