На Самитот на ЕУ во Софија, кој почнува утре, не се очекува да падне договор за името на средбата меѓу премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, но ќе се разговара за следните чекори кои ќе доведат до договор, објави денешен „Екатемирини“. Според медиумот, повикувајќи се на повеќе извори, Заев и Ципрас ќе се сретнат на маргините на Самиот во Софија при што во фокусот ќе биде прашањето како да се постигне меѓународен договор за прашањето за името.
Во Софија една од клучните средби ќе биде и таа на Заев и Ципрас со германсата канцеларка Ангела Меркел
Официјална Атина соопшти дека е „постигнат значителен напредок, но се уште сме далеку од завршни преговори кои ќе доведат до договор“.
Позицијата на Грција е „ерга омнес“, односно ново име кое ќе биде и за домашна и за меѓународна употреба, како и промени на македонскиот Устав. Токму за овие прашања во моментов преговорите се блокирани, односно топката е префрлена кај Македонија од која се чека конкретен одговор.
За текот на преговорите Ципрас телефонски го информирал Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет. Иако Туск не очекува дека во Софија ќе биде постигнат договор, тој, сепак, изрази надеж на „добар исход“ до јуни, кога Европската комисија се оечкува да донесе одлука дали ќе почне преговори за членство со Македонија.