Не се почитуваат законите и често се злоупотребуваат функциите, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Рускоска во гостувањето во ТВ 24.
На новинарското прашање, како државава се носи со корупцијата, таа само кратко порача:
Во државава има многу корупција. Интензивно работиме и даваме се од себе. Добиваме информации од секаде, МВР, Антикорупциска, Финансиска полиција, а отвораме предмети и по допрен глас, рече Рускоска.