Кичевчанецот од Туин кој живее во Америка, Шеќерим Ахмети или познат како „Ел Чека“, од Основниот суд во Кичево доби условна казна затвор од една година, ако во следните две години не стори кривично дело, објави Фактор.

„Ел Чека“ стана познат по објавувањето на Фејсбук на „бомбите“ за претседателот на ДУИ, Али Ахмети од 29 до 31 мај лани. Адвокатот Бесник Асани вели дека ќе ја обжали пресудата пред Апелациониот суд во Гостивар.

Зоран Заев лани во јули изјави дека е згрозен од разговорите и дека „Ел Чека“ ќе одговара.