На синоќешната дебата на демократските кандидати за претседател во Јужна Каролина најмногу удари прими независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс, кој како фаворит, со победите во Њу Хемпшир и Ајова, засега има најголеми шанси за избор.
Дека тој има добри шанси да ја добие и Јужна Каролина, се дознава од најновата анкета на агенцијата Ројтерс и консултантите Ипсос
Изборите за тоа кого демократите во сојузната држава ќе номинираат за претседателски кандидат се во сабота. На досегашните анкети Сандерс беше изедначен со поранешниот потпретседател Џо Бајден, но најновата анкета укажува дека неговата позиција се засилува поради тоа што гласовите од Бајден можат да се одлеат кај уште еден учесник во трката, Том Стајер.
Милијардерот Стајер потроши десетици милиони долари за да ја зголеми својата популарност кај афроамериканската заедница, околу половина од демокарсткиот електорат во Јужна Каролина.
Според набљудувачите, ова може да му помогне на Сандерс во трката со Бајден. Така истражувањето на јавното мнение на Ројтерс-Ипсос укажува дека Сандерс за прват достигнал поголема популарност кај афроамериканската заедница од Бајден.
Според истражвањето, спроведено 19-25 февруари, 26 отсто од регистрираните демократи и независните укажале дека на изборите во сабота ќе гласаат за Сандерс, 15 отсто од нив укажале дека ќе гласаат за милијардерот Мајкл Блумберг, додека 14 отсто за Бајден.
Со ова, Сандерс за првпат во изминатите три недели се оддалечи од останатите сериозни конкуренти и постигна двоцифрена популарност.
За демократите, важна карактеристика за претседателскиот кандидат е тој да заслужува да биде избран. Според анкетата, 26 отсто од демократите сметаат дека Сандерс има најмногу способности и заслуги да биде избран, по него е Блумберг со 20 отсто, а на трето место е Бајден со 17 отсто.
Во хипотетичка трка Сандерс-Трамп, води сенаторот од Вермонт. Од сите регистрирани гласачи, вклучувајќи ги и републиканците, 47 отсто одговориле дека би гласале за Сандерс, додека 40 отсто би гласале за актуелниот претседател.
Во слична хипотетичка трка, според анкетата, победа би однеле и други против кандидати на Трамп, како Бајден и Блумберг. Бајден би победил со седум процентна предност, како Сандерс, а Блумберг со четири.