Селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев изненади со списокот за Светското првенство во Русија, бидејќи го изостави фудбалерот на Манчестер Сити, Лирој Сане.
Освен еден од клучните играчи на Сити во освојување на титулата во англиската Премиер Лига, Лев од широкиот список го „прецрта“ голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено, неговиот соиграч Џонатан Тах и напаѓачот на Фрајбург, Нилс Петерсен.
Сане е отпишан зашто предност добија Јулијан Дракслер, Марко Ројс, Јулијан Брант и Леон Горецка.
Лев се одлучи за конечните 23:
Голамани: Мануел Ноер (Баерн), Марк-Андре Тер Штеген (Барселона), Кевин Трап (ПСЖ).
Одбрана: Марвин Платенхарт (Херта), Јонас Хектор (Келн), Матијас Гинтер (Борусија Менхенградбах), Матс Хумелс (Баерн), Никлас Зуле (Баерн), Антонио Рудигер (Челзи), Џером Боатенг (Баерн), Џошуа Кимих (Баерн).
Средина: Сами Кедира (Јувентус), Себастијан Руди (Баерн), Месут Озил (Арсенал), Тони Крос (Реал Мадрид), Илкај Гундоган (Манчестер Сити).
Напад: Јулијан Дракслер (ПСЖ), Марко Ројс (Борусија Дортмунд), Томас Милер (Баерн), Леон Горецка (Баерн), Јулијан Брант (Баер Леверкузен), Тимо Вернер (Лајпциг) и Марио Гомез (Штудгард).