Во зградата на воено-вселенската академија „А.Ф.Можајски“ во Санкт Петербург избувнала експлозија, при што четири лица се повредени, изјави анонимен претставник на Службите за итна помош во регионот.

Засега се уште нема официјална потврда за оваа информација од страна на Академијата.

Воено-вселенската академија „А.Ф.Можајски“ е еден од најголемите воени универзитети во Русија, каде се школуваат пилоти на воено воздухопловните сили и некои единици на вооружените сили, како и федерални органи на извршната власт.