Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, ја презеде одговорноста за поразот на пенали во финалето на Европското фудбалско првенство. Англија синоќа во Лондон загуби од Италија на пенали со 3:2, откако натпреварот со двете продолженија заврши нерешено 1:1.

– Јас сум одговорен за ова. Ги избрав изведувачите врз основа на она што го правеа на тренинг. Победувавме како тим, а денес сите заедно сме одговорни за неуспехот на овој натпревар. Но, што се однесува до пеналот – тоа беше мој избор, кој целосно лежи во мене. Бевме добро подготвени и имавме одличен почеток, но, за жал, не успеавме да ги реализираме ударите. Играчите не треба да се прекоруваат за нивната работа на тренинзите, бидејќи направија многу на овој шампионат, изјави Саутгејт.

Пред пенал-рулетот англискиот селектор ги внесе во игра Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо. Рашфорд ја погоди стативата, а ударот на Санчо го одбрани Донарума. Покрај тоа, италијанскиот голман се справи и со последниот удар на Букајо Сака.