Дваесеткратниот шампион на Грен слем турнирите Рафаел Надал му честиташе на Новак Ѓоковиќ, кој на Вимблдон го израмни рекордот што го држеа Шпанецот и Роџер Федерер.

– Честитки, Новак, за неверојатното достигнување. 20 Гренд слем трофеи е моќен резултат и неверојатно е што тројца играчи успеаја да стигнат до тоа.

Браво, и уште еднаш честитки за тебе и твојот тим! – напиша Надал на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ вчера го освои Вимблдон по шести пат и се изедначи по бројот на освоени Грен слем турнири со Надал и Федерер.