Русија, како и што се очекуваше, вечерва стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина, јавио ДПА од Њујорк.
На гласањето во зградата на Ист Ривер, Русија го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата. Кина се воздржа од изјаснување, заедно со уште две земји членки на 15-члениот форум на Светската органзиација.
Единаесет земји во Советот гласаа „за“ резолуцијата.
Нацрт-резолуцијата ја осудува руската агресија и го потврдува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и нејзината независност.
Со неа се бара Русија веднаш да се повлече и да се врати на мировниот план на договорот од Минск, пренесе ДПА.
Суданскиот дипломат Амин Авад е именуван за кризен координатор на ОН за Украина, јави ДПА.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вчера во Њујорк го објави назначувањето на поранешниот шеф на агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.
Според ОН, Авад има 30-годишно искуство во хуманитарна помош и стратешко планирање и развој.