СДС се надмина себеси, повторно во негатива, се разбира. Партијата на Венко Филипчче во две последователни соопштенија „порасна“ и еволуираше во негатива, објави Курир.

Најпрво, утрото во 10 часот политикантски и неодговорно објавија дека „Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема“, тресејќи од ракав неаргументирани и неодговорни информации за наводно загадена питка вода во повеќе градови, за да само два часа подоцна излезе со соопштение со инстант градација во кое „Цела Македонија отруена поради неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“. 

Ве тера да се запрашате, кој ќе биде следниот мизерен наслов: Можеби „Балканот отруен од неоговорноста на ВМРО“, па Европа, светот и на крај универзумот ли?

Мизеријата во која западна некогаш државотворната партија е огледало на врхушката која ја води, ценат познавачите на политичката сцена во Македонија кои не можат да се соземат од неверојатно ниското ниво и подрумот на дното кој секојдневно го пробива партијата од Бихаќка. Потсетуваат дека, како и секогаш, рибата смрди од главата.

Граѓаните пак, нихилистичкото однесување во партијата во која членовите на ИО се „јачаат“ кој ќе каже поголема лага и ќе биде побезобразен, го толкуваат со латентната употреба на недозволени психотропни супстанци, за многумина и единственото логично објаснување за инфантилните соопштенија преполни со лажни вести, луцидно однесување и ширење паника меѓу населението со забегани и неосновани тврдења за затруена вода во градови каде фактите и испитувањата ги демантираат неодоговорните пи-арџии и ловци на внимание по секоја цена од СДС.

Горката вистина е дека токму СДС се оние кои, буквално, ја трујат македонската јавност со лажни вести и злоради наративи, акти за кои постојат и законски последици.

Во прилог се деловите од двете полседователни соопштенија во кои од пола, испадна за два часа деак цела Македонија била отруена.

Од врхушката на Венко Филипче…

 

 

Извор: Курир