Нов ден, нов пораз и доказ за лажни вести за СДС и Венко Филипче. Јавното обвинителство како неоснована ја отфрли нивната инфантилна кривична пријава до премиерот Христијан Мицкоски, во која тие небулозно инсинуираа дека неговото „чувство“ дека следува период на кривична одговорност за криминалите и висока корупција на поранешни премиери, министри и функционери (читај Филипче, Заев, Спасовски, Ковачевски, Николовски и останата банда) е противзаконито.

Уште при самото нејзино поднесување, сите правни експерти реагираа дека е небулоза да се поднесе кривична пријава поради нечие чувство, како и дека кривичната пријава мора во себе да соддржи конкретно дело, кривично во случајов, кое го немаше во интуитивната изјава на премиерот, кој со неа ги вознемири и потресе криминалците од СДС, за чиј криминал, рушвет ои корупција во времето на Заев, Венко и Ковачевски знаат и врапчињата.

Следуваше и панична реакција на СДС, кои вознемирени што ова не е веќе распупеното правосудство на Заев, заврескаа на цел глас против новиот државен јавен обвинител Савевски. Навикнати на нивните подизведувачи Коцевски и Јовески, по навика го споредија дејствувањето на човекот кој нема никаква партиска врска со нивните обвинителски ајвани и заврескаа:

„Судството и обвинителството се претворени во алатка за политичка одмазда и прогон на неистомислениците.
 
Затоа се обединуваме околу Фронт за вистина и правда и новиот Закон за антикорупција.“
Прејудицираа, самите, дека некој ќе ги затвора. Дали е тоа за криминалот од перидот 2017-2024 ли? На тоа ли се должи уплавот и очајничкото дејствување на пулените на Филипче?
Проблемот е што доколку се искрени и  тој „Фронт за вистина“ и правда навистина проработи како што треба, СДС, Венко и Заев ќе треба први и помалку монтипајтоновски да се самозатворат.
Вака, демаскирана уште една тешка лага и инфантилна КЛЕВЕТА на СДС.
Вчера ги демантираа за Реформскиот процес со ЕУ, претходно за мигрантите, уште попретходно тоа го стори Томас Вајц, пред него беше Марта Кос, пред неа амбасадорот Метју Лосон, пред нив реагираше Унгарија и така натаму. Предлог е списокот на лаги и клевети од Венко, Шмрчко, Богданка, Жерновски и останата банда.
Од „државотворна“, СДС станаа ПАТОЛОШКА ПАРТИЈА…