Буџетот за 2024 година, предложен од Владата предводена од СДСМ е развоен, креиран согласно потребите на граѓаните и на македонската економија, се истакнува во соопштението од СДСМ.
Во продолжение целото соопштение на владејачката партија:
Предложениот буџет целосно обезбедува средства за повисоките пензии и плати, како и средства за реализација на капиталните инвестиции.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари, што е за 10 отсто повеќе во однос на 2023 година, а расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за 5,8 отсто повеќе во однос на оваа година.
Буџетскиот дефицит, проектиран на 3,4 отсто од БДП (33,5 милијарди денари), е во согласност со определбата за фискална консолидација.
Капиталните инвестиции се планирани 45,1 милијарда денари.
Очекувањата за 2024 година се раст на БДП од 3,4 проценти, раст на платите за 8,4 отсто и понатамошно намалување на инфлацијата на 3,6 отсто.
Целта на буџетот е поддршка на економскиот раст, фискална одржливост и редовна исплата на сите државни буџетски обврски – повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на земјоделците, на претпријатијата, фискална консолидација, справување со последиците од глобалната економска криза.
Центар за односи со јавноста на СДСМ