Сенатот на САД вчера со огромно мнозинство, 91 глас за и само 2 против, го ратификуваше Протоколот за пристапување на РС Македонија во НАТО, се вели во соопштението на СДСМ.
– Со тоа преостануваат уште ратификации од уште само 4 земји членки, до официјално пристапување во НАТО. РС Македонија е на прав пат. Се остварува врвен стратешки и национален интерес поставен од денот на независноста – полноправно членство во НАТО Алијансата. Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на државата и трајно осигурување на нејзините граници. Истовремено, членството во НАТО значи и повеќе инвестиции, стабилна економијата, нови работни места и повеќе пари во секое семејство. СДСМ продолжува со политиките што обезбедуваат развој, напредок и интеграција. Остануваме посветени на реализација на мерките што овозможуваат економски раст, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин, се вели во сооопштението од владејачкиот СДСМ.