Анкетите се јасни – СДС декласирана, од позиција на трето место се борат со ДУИ за второ место, вчера уште една партија произлезе од СДС, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

На кое дереџе се донесе СДС со своите антинародни политики и со својата ароганција, да дојде во ситуација со ДУИ да се бори за второ место на анкетите на јавното мислење.  Тие се декласирани и во моментов паднаа на трето место, што само потврдува дека тие се помалиот партнер во власта и колку повеќе го одолговлекуваат соочувањето на избори, толку подолу ќе тонат.

Но нам не ни е грижа за СДС, нам ни е грижа што со себе кон дното ја влечат и Македонија.

Македонија со СДС стана земја со најнизок раст на БДП во регионот што предизвикува масовен егзодус на населението. Поради нивните промашени политики во Македонија има највисока инфлација на цените, а згора на тоа се покачуваат и даночните стапки на ДДВ за производи кои граѓаните секој ден ги купуваат. Стандардот го допре дното, а поради лошиот економски амбиент странските инвестиции во широк лак ја одбегнуваат државата. Единствено во Македонија доаѓаат регионалните мешетари кои благодарение на оваа власт добиваат лиценци за да отвораат бизниси тука и да ги перат своите пари. Капак на се е сеприсутната корупција и криминалот кои сесрдно оваа влада ги помага и поддржува

За сето тоа вина имаат СДС и Ковачевски и народот тоа го гледа. Затоа е и рејтингот на СДС таков каков што е, затоа СДС стана трета партија на политичката сцена. Анкетите се јасни. Народот бара избори за оваа однародена власт да се промени, истакнува опозиционата партија.