Со започнување на преговорите со ЕУ, пропаднаа сите лаги и измислици за наводна бугаризација и асимилација, велат од владејачкиот СДСМ.
– Напротив, започнавме преговори со ЕУ со зачуван идентитет со чиста формулација на македонски јазик без додавки и фусноти. На крајот, се потврди и дека анти европската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, свесно ги лажеше и се уште ги лаже граѓаните и ги злоупотребува. С. Македнија ги започна преговорите со ЕУ по цели 17 години во чекалната и ова е нова ера за нашите граѓани која носи бројни придобивки, соопштува СДСМ.
Натаму во соопштението се додава:
– Сега, откако сите лаги за јазикот и идентитетот пукнаа како меур од сапуница, кога пропаднаа сите блокади и обиди за дестабилизација, потребно е сите политички и општествени чинители да дадат свој придонес за европскиот пат. Членството во ЕУ е стратешка национална и државна цел поставена уште на денот на независноста, сите имаат одговорност пред граѓаните да обезбедат европска иднина на граѓаните и државата, се вели во соопштението од партијата, велат од СДСМ